КОМПАНИЈА СО ЈАСНА ВИЗИЈА
ЕКО ПАКУВАЊЕ ДОО Струмица е непрофитна компанија основана во 2019 и поседува Дозвола за постапување со отпад од пакување Арх.бр. Уп1-11/2-1765/2019, издадена од Министерство за животна средина и просторно планирање.
Во периодот 2020-2025 година, насоките за деловниот потфат на ЕКО ПАКУВАЊЕ е оптимизирање и подобрување на системите за селекција и собирање на отпадоци од пакување, со цел исполнување на количините предвидени во член 35 од законот.
ЕКО ПАКУВАЊЕ им гарантира на клиентите одговорно, ефикасно и најповолно менаџирање на отпадот од пакување и асистенција за исполнување на предвидените законски обврски.
ЦЕЛ
Целта на ЕКО ПАКУВАЊЕ е да изгради долготрајна и цврста соработка со своите клиенти и со општините во државата во согласност со Европските регулативи:
- минимизирање на негативното влијание на отпадот од пакување врз животната средина,
- промовирање на одговорен однос на компаниите кон отпадот од пакување,
- едукација на граѓаните на Република Македонија за заштита на животната средина и примена на одредбите од Законот за управување со пакување и отпад од пакување, со одобрена програма од Министерство за образование и наука
ПРИДОБИВКИ
Целосно менаџирање на Вашиот отпад од пакување
ЕКО ПАКУВАЊЕ во соработка со нашите партнери за собирање и
транспорт, како наши клиенти, Ви организира систем за собирање,
рециклирање и/или енергетско искористување на отпадот од пакување.
Најповолни цени за управување на Вашиот отпад од пакување
Како колективен постапувач со отпад, ЕКО ПАКУВАЊЕ претставува
економски најисплатлива опција за Вашата компанија, со
надоместок неколку пати помал од државниот надоместок.