МК    EN

ЛИЦЕНЦИ


ЕКО ПАКУВАЊЕ ДОО Струмица ја поседува следнава:

  • Дозвола за управување со отпад од пакување, бр. Уп1-11/2-1765/2019, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање

Трговска марка


Решение за трговска марка

  • Бр. 10-4472/7-2019, издадено од Државен завод за индустриска сопственост

ЗАКОН

1. Закон за управување со пакување и отпад од пакување (МЖСПП)


Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија објави дека е отворена наменска трезорска сметка во рамките на Единствената трезорска сметка, преку која ќе се врши уплата на паричните средства за надомест за управување со отпад од пакување, со следните податоци:

Назив на примачот - Буџет на РМ
Банка на примачот - Народна банка на РМ
Сметка - единствена трезорска сметка 100000000063095
Приходна шифра и програма - 718148
Уплатна сметка - 840 ХХХ 07379


XXX - се внесува ознаката на општината согласно Списокот на општини со ознаки во Република Македонија, кој е составен дел на Упатството за начинот на евидентирање, распоредување и поврат на јавните приходи („Службен весник на РМ“бр. 08/06)

Известувања од МЖСПП



1. Известување од МЖСПП со Архивски бр.07-7212/1 од 18.07.2012 година

  • Известување во врска со можноста за склучување Договори за превземање на обврски за отпад од пакување со повеќе од еден колективен постапувач


2. Известување од МЖСПП со Архивски бр.07-7212/1 од 18.07.2012 година

Правилници



1. Правилник за нумерирање и означување на пакувањето

  • Правилник за начинот на нумерирање и кратенките на кои се заснова системот за идентификација и означување на материјалите од кои е произведено пакувањето, како и формата и содржината на ознаката за постапување co пакувањето

ОБВРСКИ на ПРОИЗВОДИТЕЛИ/УВОЗНИЦИ

Според законот, Вашата компанија има обврска да доставува месечни извештаи подготвени врз основа на производствените спецификации.

При тоа, во случај на ревизија од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, Вие одговарате за точноста на доставените податоци до ЕКО ПАКУВАЊЕ. За детално објаснување како се пополнуваат производните спецификации и месечните извештаи, клиентите на ЕКО ПАКУВАЊЕ ќе можат да се најават на Апликацијата за пополнување на производни спецификации и месечни извештаи, каде на лесен и едноставен начин се пополнуваат овие обрасци. Вашето кориснично име и лозинка ги добивате по потпишување на договор со ЕКО ПАКУВАЊЕ.

Производна спецификација



Содржат информации за количината на генериран отпад од пакување по производ/артикал

Оваа количина се пресметува за единечен производ

Месечен извештај



Информации за вкупните вредности на пуштениот отпад од пакување на пазарот во Македонија за сите производи. Извештајот се доставува до 15-ти во месецот, за претходниот месец.

Бруто спецификација


Постојат отстапки, дефинирани во Правилнкот за формата и содржината на образецот за водење на евиденција (Сл. Весник на Р.М. бр. 184 до 2011), за пооделни категории на производи каде тежината на увезеното продажно пакување е значително помала во однос на нето тежината на производот. Тогаш во производствената спецификација нето тежината се евидентира со користење на одреден процент од бруто масата на производот за продажното и групното пакување. Категориите и процентите се:

  • Играчки за деца – 25% од бруто тежината по царинска декларација
  • Садови за домакинство и прибор за јадење - 10% од бруто тежината
  • Декоративни производи за домаќинство (украси, закачалки, вазни) - 15% од бруто тежината
  • Училишен прибор - 8% од бруто тежината
  • Текстилни производи (модни кроеви за облека) - 15% од бруто тежината
  • Прибор за чистење - 15% од бруто тежината
  • Декоративна козметика (кармини, маскари, турпии, четки) - 20% од бруто тежината

Примери во Excel


Играчки за деца - 10% за пластика и 15% за хартија - Пример

Садови за домакинство и пример за јадење - 3% за пластика и 7% за хартија Пример

Декоративни производи за домаќинство - 5% за пластика и 10% за хартија Пример

Училишен прибор - 3% за пластика и 5% за хартија Пример

Текстилни производи - 5% за пластика и 10% за хартија Пример

Прибор за чистење - 10% за пластика и 5% за хартија Пример

Декоративна козметика - 10% за пластика и 10% за хартија Пример