МК    EN

Донација во Јока Струмица

Со цел правилно управување со отпадот од пакување, Еко Пакување Доо Струмица, на своите клиенти им дава целосна поддршка во селектирањето на отпадот. Јока ДООЕЛ Струмица е првата од големиот број на клиенти кои учествуваат во креирањето на соодветен систем за селекција на отпад од пакување. Пластиката учествува со најголем процент во процесот на пакување на производите на Јока и токму затоа и поставените садови за селекција се во жолта боја во согласност со законските одредби.

Logo

Селектирањето на отпадот од пакување ги претставува основните чекори кон принципите за грижата кон животната средина. Донацијата на овие три садови за селекција се поставените постулати за партнерство во понатамошни заеднички достигнувања во исполнување на мотото "Чувар на Вашата околина".

Logo

Струмица, 27.08.2020