МК    EN

Донација во Општина Зрновци

Согласно Законот за управување со пакување и отпад од пакување, Општина Зрновци и ЕКО ПАКУВАЊЕ ДОО Струмица, преку Подружница бр.1, со седиште на ул.Крижевска во Кочани, а со цел исполнување на член 26 од истиот, пристапија кон потпишување на Договор за градење на систем за правилно управување со отпад од пакување.

Logo Logo

Во рамки на реализација на договорот, ЕКО ПАКУВАЊЕ ДОО Струмица, постави три садови за селекција на отпадна пластика во жолта боја на територијата на Општина Зрновци на локации кои беа одредени од нивна страна.

Внимавајќи на протоколите за заштита од вирусот КОВИД-19, Еко Пакување Кочани, на ОУ Синиша Стоилов додели 10 столче-клупа за реализирање на настава на часови од областа на заштита на животната средина и правилна селекција на отпадот од пакување преку правење на современа и модерна ЕКО Училница. Како осовременување на делот на предавање на часовите преку далечинско учење, дониравме и паметна табла за лесна и достапна комуникација на предавачите со учениците.

Logo Logo

Максимално посветени на подигање на свеста и значењето на селекцијата на пластичното отпадно пакување поставивме и две паметни канти со цел мотивација и посветеност при селекцијата на Пет пакувањето од една страна, а од друга страна и давајќи поддршка на македонскиот иноватор за промоција на овие корисни предмети. Маските како дел од заштита на здравјето на учениците и вработените се составен дел од првата донација од овој договор се до исполнување на предвидените донации и опишани активности во програмата на Еко Пакување ДОО Струмица.

Нашата посветеност во делот на образовната политика за значењето на селекцијата на отпадот од пакување продолжува се до исполнување на целите за заштита на животната средина, преку едукација и отстранување на отпадот од пакување.

Logo Logo

Зрновци, 14.09.2020