ЛИСТА НА ПАРТНЕРИ
- Моби Промо партнерска програма
- Моби Промо е нов и моќен рекламен канал кој им помага на компаниите да го зголемат своето присуство на Интернет како никогаш досега и да ја прикажат својата реклама на корисниците кои користат мобилен уред.
- Повеќе информации
ЗАЧЛЕНУВАЊЕ
Сите заинтересирани правни субјекти во Република Македонија можат да склучат договор со ЕКО ПАКУВАЊЕ, доколку пуштаат во употреба отпад од пакување, кој е создаден од:
- вршење на производствена дејност, и/или
- увоз на стоки и добра
Количината на отпадот годишно треба да надминува:
- Стакло - 800кг
- Хартија/Картон - 300 кг
- Друг тип на амбалажа - 100 кг
ОБВРСКИ на ПРОИЗВОДИТЕЛИ/УВОЗНИЦИ
Според законот, Вашата компанија има обврска да доставува месечни извештаи подготвени врз основа на производствените спецификации.
Производствени спецификации
Информации за количината на генериран отпад од пакување по производ/артикал
Месечни извештаи
Информации за вкупните вредности на пуштениот отпад од пакување на пазарот
во Македонија за сите производи. Извештајот се доставува до 15-ти во месецот,
за претходниот месец.
При тоа, во случај на ревизија од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, Вие одговарате за точноста на доставените податоци до ЕКО ПАКУВАЊЕ. За детално објаснување како се пополнуваат производните спецификации и месечните извештаи, клиентите на ЕКО ПАКУВАЊЕ ќе можат да се најават на Апликацијата за пополнување на производни спецификации и месечни извештаи, каде на лесен и едноставен начин се пополнуваат овие обрасци. Вашето кориснично име и лозинка ги добивате по потпишување на договор со ЕКО ПАКУВАЊЕ.